Автомобилот кој што попладнево пловеше во водите на Вардар во Центарот на Скопје беше извлечен од страна на пожарникарските служби.
Од министерството за внатрешни работи се уште немаат информации како возилото завршило во реката, ниту пак дали има повредени лице во несреќата.
На местото на настанот можеше да се забележат и возила на итната медицинска помош.