ВИДЕО: Исвиркана полицијата за време на упадот во дискотеката Сектор

Од:

Со свирежи и довикувања беше поздравена полицијата која вршеше легитимирање во дискотеката Сектор при акцијата на МВР синоќа.

Од видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи негодување за прекинување на журката, па моментот додека се врши легитимирање се слушаат свирежи и дофрлања.

Во еден момент додека полицијата легитимира, повторно се пушта музиката и продолжува журката.

Во текот на денот голем број на диџеи и активисти реагираа на односот на службените лица и побараа реформирање на полицијата и крај на употребата на вакви методи. Од Хелсиншкиот комитет најавија дека ќе бараат командна одговорност за синоќешната акција.