(ВИДЕО) Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот

Од:

Експремиерот Никола Груевски, по денешното одложено рочиште за предметот „Тенк“ за набавка на „мерцедесот“, повтори дека станува збор за политички, а не за правен процес. Тој рече дека и минатата недела, и оваа и следната тој секој работен ден е на судења со единствена намера да не биде присутен во работата на Собранието. „Нè држат цели денови, не можам да бидам присутен во парламентот“, рече Груевски.

Тој говореше дека судот има разни аршини во предметите ТНТ и „Тенк“ за изземање на судискиот совет бидејќи во едниот случај се чека одлуката на Врховниот суд, а во другиот одлука донел претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев. Груевски се пожали и дека не им било дозволено правото на жалба за оваа околност и дека му се прекрешни човековите права во спротивно со начелата на Европската конвенција за човекови права и на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

В. Маглешов