(ВИДЕО) Грчева: Носите дефектни закони во образованието

Од:

Независната пратеничка Солза Грчева смета дека сите предложени измени на законите за основното, средното и високото образование се дефектни.

За неа е неразбирливо како со измените основците ќе се стимулираат да одат на натрпревари по математика а со тоа ги дискриминираат сите оние кои покажале афинитети кон друга област.

„Зошто се тие стимулирања на природните науки. Тие деца се наведуваат да запишуваат дисциплини како што се инжиниерските. Најголемиот дел од таксисти се машински инжиниери и не им недостига образование им недостига работа. Законите за основно и средно образоваие дискриминира цела армија на талентирани деца. Ние не можеме преку ноќ да станеме математичка нација“, рече Солза Грчева.