(ВИДЕО) ЕУ инфоцентар ограден со бодликава жица

Од:

Со бодликава жица денеска беше оградено седиштето на Делегацијата на Европската комисија во Македонија, како имитација на оградите кои се поставуваат на граничните премини за да го спречат влезот на мигрантите. ЕУ инфо центарот го оградија група активисти кои денеска одржаа мирен протест по повод одбележување на Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства.

Инсталацијата е во знак на протест против политиките на ЕУ и земјите на Балканската рута кон луѓето кои бегаат од различни форми на насилство и експлоатација.

Вработените во седиштето на ЕУ во Македонија го примија подарокот на активистите кој претставува забранет пристап во засолништето што државата треба да им го понуди на бегалците, а како симбол за погрешните политики кон бегалската криза. Македонската Влада одби да го прифати ваквиот подарок како небезбеден

Маја Васева