Светската ракометна федерација ги објави најдобрите голови од изминатото Светско ракометно првенство, а двојниот цепелин на Македонија беше избран за најубав гол на првенството.
На дуелот помеѓу Македонија и Шпанија при водство на Македонија од 10-0, Кире Лазаров и Дејан Манасков одиграа одличен двоен цепелин, што очигледно ги собра симпатиите на љубтелите на ракометот низ светот.