ВИДЕО: Драма во Центар поради сечење на дрва

Од:

Револтирани граѓани се собраа да изразат незадоволство против одлуката на Град Скопје за сечењето на дрвата наспроти хотел „Бристол“.

Одлуката е донесена во текот на вчерашниот ден од град Скопје, и покрај тоа што граѓаните имаат право на жалба во рок од 15 дена, сепак  градските власти не ја испочитуваа оваа законска обврска и ги исекоа дрвата.

Откако се собра поголема група жители, која гневно реагираше на ова пустошење на зеленилото, работниците го напуштија местото на работа. На местото на настанот имаше и присуство на полиција, во случај да не се случи инцидент.

Петар Клинчарски