(ВИДЕО) „Диво насеље“ требаше да ја дефокусира јавноста од „бомбите“

Од:

Доказите на одбраната на обвинетите во случајот „Диво насеље“, главно се вербални докази, тие се поврзани со одредени институции. Случајот „Диво насеље“ требаше да ја дефокусира јавноста од „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата, открива еден од бранителите на обвинетите,Насер Рауфи.

– Тоа ќе го сториме кога ќе дојдеме во стадиум на испитување на обвинетите. Сите од овие обвинети ќе сакаат да дадат исказ и тоа го најавивме денеска на главната расправа. Додека пак, за решителните факти, ние сметаме дека има едена генеза, значи една поврзаност на настаните кои што се и Диво насеље со бомбите, тнр „бомби“, прислушуваните разговори. Јас и обвинетите сме убедени дека со овие настани сакаше да се дефокусира јавноста од прислушуваните разговори. Убедени сме дека се работи за структури кои во понатамошниот тек на постапката ќе ги наведеме со име и презиме. Дури и денеска некои од обвинетите најавија такви вклучени од разни инсититуции кои сега не би ги набројувал, рече адвокатот Рауфи.

На денешното прво судско рочиште за случајот „Диво насеље“ воведни зборови дадоа двајца адвокати за 18 од обвинетите, следно рочиште е закажано за во четврток, а наредни главни судски расправи се закажани за во март.