(ВИДЕО) Директорот на ЕМУЦ: Моите ќерки и јас сме жртва на предизборни игри и местенки

Од:

Директорот на ЕМУЦ Св Наум Охридски Бошко Сиљаноски заедно со неговите две ќерки и претседателот на КУД Филиграни Илче Ѓорески одржаа прес конференција на која ја демантираа информацијата која вечерва ја објави Сител телевизија, а во која се тврдеше дека директорот на училиштето е фотографиран како се забавува во џакузи со ученички од ова училиште.

Илче Ѓорески најави тужба против Сител телевизија која манипулира со јавноста и ќе преземат правни мерки и ќе бараат кривична одговорност за претпрениот стрес од манипуалциајта која ја направила со јавноста.

untitled1

untitled

На фотографијата се децата на овде присутните пријатели и моите две ќерки – рече Бошко Сиљаноски и додаде дека тој и неговото семејство денес се нашле на удар на една предизборна валкана игра која безмислосно згазила на неговите две деца и децата на неговите пријатели.

На фотографијата се моите деца. Јас ги сликав. Заедно бевме таму во базените и се фотографиравме. Значи еве телевизиајта нека ги отстрани прекривките од лицата на децата и ќе видат дека на слиакта меѓу останатите се и моите деца и децата на Бошко. Ние редовно диме во Банско и имаме стотици заеднички фотографии само не ми е јасно како некој бездушник сега се одлучил ова да го прави, да врши ваква злоупотреба – вели Верица Ѓореска која била автор на фотографијата.