(ВИДЕО) Димовски: Вербални напади и закани од мажи пратеници од СДСМ кон жени пратенички на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на прес конференција ги осуди, како што рече, нападите и заканите на пратениците на СДСМ на Комисијата за образование.

„Дел од тие вербални напади и закани продолжија во собраниските ходници од страна на мажи пратеници од СДСМ кон жени пратенички на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Димовски.

Тоа, рече, зборува за нивната совест. Димовски го посочи член 1 став 2 од Деловникот на Собранието, во кој стои дека секое работно тело носи правила за работењето. И затоа, според него може да се донесе одлука за ограничување на дискусиите во Комисијата за образование, каде е закочена работата по Законот за основање универзитет за национална безбедност.

Димовски ги обвини пратениците од СДСМ како кочничари за работата и носењето одлуки и за создавањето хаос. Колегите од СДСМ ги упати во Жена парк каде има шаховски табли, да појдат ако сакаат бесполезно и долго да дискутираат.