(ВИДЕО) Димитриевски: Погледнете го лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги излажа професионалните војници кои штрајкуваа со глад, дека ќе ги вработи. Пред 5 дена заврши последниот рок, според измените на Законот за служба во АРМ, со којшто тие требаше да бидат вработени во некои од државните органи. Емил Димитриев, лично од позиција на генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ тоа јавно им го вети, вели Максим Димитриевски, член на Извршен одбор и претседател на Комисија за одбрана.

Премиерот Димитриев тоа не го спроведе. Во стилот на Груевски и неговата власт, повторно си поигра со професионалните војници!

На професионалните војници кои се на улица им е загрозена егзистенцијата.

На припадниците на АРМ кои се на служба им е загрозено професионалното и човековото достоинство.

received_1114729911891293

Тоа на професионалните војници им го прави државата што ја бранат!

Ова е дел од нивната реалност.

Скапани врати, скапани и нехигиенски тоалети, кревети, подови.

Во такви услови работат на Воена академија во Скопје што власта ја трансформираше во универзитет.

А овде престојуваат војниците во времениот објект на јужниот граничен премен.
Резултатот е ова – кожни болести.

received_1114730001891284

Јадат слаба и несоодветна храна. Работат со застарена и дотраена опрема и техника.
Ова е заедничкиот лажнен патриотизам на коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
АРМ е приморана да импровизира и со натчовечки напори доследно ги извршува доделените задачи, додека власта се луксузира со кич.

Овој третман на Армијата ја доведува во опасност безбедноста на државата.

СДСМ кога ќе ја добие одговорноста од граѓаните да ја води државата, ќе го вратиме достоиството што го заслужува Армијата. Ќе ја модернизираме одбраната.

received_475123099347118

Ќе продолжиме со имплементацијата на Стратешкиот одбрамбен преглед и на Долгорочниот план за развој на одбраната каде што застана нивната реализација во 2006 година кога оваа неодговорна група околу Груевски ја презема власта. Евро-атланските интеграции ќе ги вратиме како стратешки приоритет на Р.Македонија.