(ВИДЕО) Демонстранти им фрлија тоалетна хартија на судиите во Уставен

Од:

Петмината судии на Уставен суд Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, веќе не треба да се легитимни сметаат граѓаните кои денеска, трет пат протестираа пред Уставниот суд.

Граѓани влегоа денеска во Уставен и оставија писмо до судиите, на излегување им фрлија и тоалетна хартија за да им порачаат дека одлуките што ги носат се неуставни, дека тие веќе не работат во интерес на граѓаните и Уставот и со тоа веќе не се легитимни.

Невозможно е да се работи за инцидент или случајност во одлуката на судиите за помилување.

– Доколку Законот за помилување од 2009 година се укине, се отвара простор за сите оние кои што ќе направат изборен криминал понатаму да бидат амнестирани од страна на претседателот. И Комисијата за помилување е утврдена токму со овој Закон од 2009, ако се укине овој закон, може да се случи да се укине и оваа Комисија. Тоа значи дека само претседателот ќе одлучува кој ќе биде помилуван. Тоа значи дека сите оние кои гласаа со фалсификат лични карти, кои носеа луѓе од Пустец, кои правеа изборен криминал и за тоа се подготвуваат и за следните избори, ќе има можност да бидат помилувани од страна на претседателот, рече Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права.

Според демонстрантите, овие судии работат по „диктат на тефтерчето“ и треба да се повлечат од своите функции или да работат во интерес на граѓаните.