ВИДЕО: Дедомразовци трчаа низ Скопје, децата ги одмерија силите со возрасните

Од:

Стотици учесници во дедомразовски костуми трчаа низ центарот на Скопје по шести пат. Трката имаше натпреварувачки и забавен карактер. Учесниците беа од најмлади до најстари. Пред да започнат со трката, тие се забавуваа во „Винтерленд“ делот на плоштадот „Македонија“. Иако имаше дожд, тоа не претставуваше проблем за учесниците да ги истрчаат двата километри за да дојдат до целта. И самите велеа дека најважна е забавата и дружењето, запознавањето и учествувањето.

Дедомразовци трчаа низ Скопје, децата ги одмерија силите со возрасните

Дедомразовци трчаа низ Скопје, децата ги одмерија силите со возрасните

Posted by A1on.mk on Недела, 22 декември 2019

„Криво ми е што е времето вакво, но вие оваа трка ја правите убава“, рече Александар Георгиевски, кој е еден од организаторите.

Посебен впечаток оставија младите учесници кои беа дечиња од 3 до 6 години кои ги одмерија силите со ученисниците кои професионално се занимаваат со трчање и учествуваат на големите маратони. Некои од дедомразовците оставаа впечаток и со својот изглед, па така, нивната брада со лампиони наликуваше на новогодишна елка.

Стартот и финишот на трката беа на плоштадот „Македонија“, а се трчаше кон Порта „Македонија“, парк „Жена Борец“, „Холидеј Ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.

Победници на оваа дедомразовска трка од женска конкуренција беа Рената Соколова која освои прво место, Елена Даниловска која заврши втора и Бојана Наумовска која се пласираше на третата позиција. Од машкиот дел, Миомир Алексовски заврши прв, Стојче Петров беше втор, Филип Стојановски заврши на третото место. Првите тројца од машка и женска конкуренција добија подароци од организаторите, останатите учествуваа во лотаријата која беше организирана.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Илјадници учесници на трката на Дедо Мразовци во Мадрид

Во Скопје традиционална трка на дедомразовци

Татјана Ташкова

Богата музичка програма на „Винтерленд“ со Тони Зен и „Tafa and the bend“

Наум Локоски

Музичка забава со Дарио и „New Blue Trio“ вечерва на „Винтерленд“

Наум Локоски

Богата музичка програма денеска на „Винтерленд“

Наум Локоски

Музичка забава со Гоце САФ и Лозано денеска во „Винтерленд“

Ана Ололовска