(ВИДЕО) Данилоска: Итно распуштање на постоечкиот состав на Антикорупциската комисија

Од:

Институциите мора да имаат соодветни човечки капацитети, а ние најмногу се задржуваме на Државната комисија за спречување на коруцијата, и бараме од Собранието итно да го распушти постоечкиот состав на оваа комисија како и на Комисијата за заштита од слободен пристап до информации. Ние сме сведоци дека еден од механзмите, анкетните истови на именуваните лица, овие институции кога треба да ги направат достапни, на прес конференции се крстат и се молат да не бидат побарани као за поранешниот министер или поранешниот премиер.

Ова го побара Данче Даниловска од Фондацијата `отворено општество-Македонија, како една од мерките во областа на борбата против корупцијата, содржани во “Предлогот за итни демократски реформи“ документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени во земјава за фер и демократски избори, а подготвен од ескперти и група граѓаски организации.

-Еден од основните принципи кој го предлагаме во документотот за итни демократски реформи е дополнителни надлежности на ДКСК за подобро следење на анкетните листови. Значи историски, објавувања на анкетните листови и меѓусебно поврзување со УЈП за вкрстено проверување на анкетните листови.
Со тоа ќе се има длабинско набљудување на судирот на интереси на корупција на избраните и именуваните, рече Даниловска.

Според неа, неопходно е реформа на системот на финансирање на политиките партии како еден од сегментите во борбата против корупцијата.

-Сведоци сме дека не изборите од 2014 година, граѓаните беа во 98 проценти финансиери на политичките кампањи. Бидејќи станува збор за милионски суми, нашиот концепт е да има комплетна промена на финасирањето на партиите, измена на законот и јавно финансирање на политичките партии како модел кој ќе оневозможи партиите од приватни донации да собираат средства, рече таа.

Еден од принципите кој го бараме е реформа на системот за пристап до информации, значи јавност во трошењето на буџетските средства во државата. Под закрила на тајни информации најголем дел од буџетото се класисифиицира од страна на надлежните институции и не може да се направи анализа на трошењето на буџетот. Затоа треба да се ревидираат сите класифицирани информации за да може да се види како се корумпирале иматели на медиуми и други бизниси кои потоа прават поврат на средствата во партиите.

Јавните набавки и вработувањето во администрацијата-нашиот став во овие предлози за итни реформи е воведување на мораториум на неоперативните јавни набавки до одржувањето на изборите.
Бараме распуштање на овој совет за јавни набавки чија улога требаше да биде дополнителна проверка но не ја врши совјата функција.

Како последен основен принцип, наше барање е вклучување на граѓанските организации во антикорупциските активности на ДКСК и ЈО за гонење на организиран криминал, зошто до сега нема гонење на фунционерите кои високо котираат во власта, обично се се сведува на крајот на годината на две иницијативи за кривично гонење, и тоа на бивш градоначалник и на службеник од понизок ранг, рече Даниловска.