(ВИДЕО) Дали Маричиќ не ја говореше вистината: Кажа дека не испратил список за помилување, но документ го потврдува спротивното

Од:

Поранешниот министер за правда, Бојан Маричиќ на последниот работен ден тврдеше дека не испратил листа за помилување на затвореници кај претседателот Стево Пендаровски.

„Никаква листа за помилување не отиде кај претседателот Пендаровски на разгледување, токму од причина за да немаме ситуација да објаснуваме зошто некој се нашол на таа листа, а зошто не, во случај кога листата ја предлагаат затворите, а одлучува комисијата на претседателот“, – Бојан Маричиќ , 4 јануари 2022 година.

Документ до кој дојде „А1он“ покажува дека Бојан Маричиќ сепак испратил, за потоа на 20.12.2021 година, да го повлече предлогот за помилување доставен до претседателот Стево Пендаровски.

„Ве известуваме дека поради дополнителни консултации…. а во врска со Одлуката на Претседателот…. за давање на помилување по повод Новата 2022 година, Министерството за правда го повлекува списокот со доставени предлози“, стои во документот.