(ВИДЕО) Црвенковски: Секој глас за Јакимовски или Куновска е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Секој кој сака да има успешна општина и да прати порака дека е дојдено време да се означи крај на владеењето на Никола Груевски тогаш има еден и единствен кандидат а тоа е Андреј Петров, рече вечерва лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во општина Карпош.

За да нема никакви дилеми, секој глас даден за Јагнула Куновска или за Стевчо Јакимовски ќе биде глас за продолжување на владеењето на Никола Груевски. Се надевам дека граѓаните ќе ја изберат вистинската страна, и дека Андреј Петров ќе биде градоначалник на општина Карпош, а Јани Макрадули градоначалник на Град Скопје, изјави Црвенковски.