Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, денеска излезе со нови предлози до владејачката партија со цел опозицијата да го заврши отпорот.
Нивното барање содржи две точки, каде пред се сакаат одлагање на локалните избори за месец дена, а потоа ако опозицијата освои еден глас повеќе најавија дека ќе има предвремени парламентарни избори.
„Не јас, не Груевски, туку граѓаните има да одлучат дали ќе има предвремени парламентарни избори“, рече Црвенковски.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ не го прифати барањето, според опозицијата „целокупната одговорност за задлобочување на кризата ќе ја преземе Груевски“.
Лидерот на опозицијата додаде, дека без разлика на што ќе се случи по локалните избори нема да бара уште еден мандат.