Богоев: Среќен 8-ми март професорки, наставнички, пленумки – борбата за образованието продолжува

Од:

„Во изминативе години имаме кулминација на катастрофалните услови во образованието.

Сведоци сме на погубните последици од екстерното тестирање. Бегате од соочување со учениците, наставниците. Сите сме свесни дека екстерното тестирање на ВМРО-ДПМНЕ му служи за контролирање на учениците и наставниците.

Мизеријата продолжува со основни и средни училишта без парно греење.Се казнува средношколка од Велес за напишан критички Facebook статус, на свој профил. Здрав образовен систем ова не го дозволува.

Системски е уништено и високото образование. Лебарки и бубашваби јаде нашата иднина по мензите во студентските домови. Дали ова е кампањата за здрава храна?

На секој дожд прокиснуваат таваните по собите на студентите.

Овие денови, преку својот егзекутор Олга Најденовска власта сака да направи контра Универзитет – Дамјан Груев.

Контра Универзитет на 5 листа хартија, без елаборат и анализа за неговата потреба, нема ниту финансиска конструкција.

СДСМ се обврзува да го укине екстерното тестирање, да ги реконструира студентските домови и заедно со професорите и учениците, системски да го гради образованието“, рече во своето обраќање на Стефан Богоев, пратеник на СДСМ во Собранието на РМ, по повод Информацијата за општите состојби во образованието, којашто е на Дневен ред.