(ВИДЕО) Богоев: МРТ е во целосна одбрана и заштита на ликот и делото на Груевски

Од:

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ целосно го партизираше јавниот сервис и го трансформираше од МРТВ во ВМРО-ТВ. МРТВ или по ново ВМРО-ТВ е во целосна одбрана и заштита на ликот и делото на Никола Груевски, поранешен премиер на РМ. Се обврзуваме, во нашата Програма преку низа реформи да го департизираме МРТВ. Да обезбедиме јавен сервис, кој ќе известува за јавноста. Новата власт на СДСМ повторно ќе го врати МРТВ наместо ВМРО-ТВ, вели Стефан Богоев, пратеник на СДСМ и претседател на СДММ, од денешната собраниска расправа во однос на предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.

Изминатата 2015та година помина во знакот на вистината, во знакот на Вистината за Македонија, народно кажано бомбите на опозиција.

МРТ не емитуваше ниту една од снимките од Вистината за Македонија и не ги објавуваше изјавите на лидерот на опозицијата.

Пред некој ден, прес конференцијата на СЈО не одеше во живо, а МРТВ селективно го пренесе пресот. Тоа е СЈО кои сите заедно го избравме во Собранието.

МРТВ немаше ниту една иницијатива за ТВ дуел за време на минатите избори.

МРТВ известуваше пристрастно во корист на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Јавниот радидифузен сервис не ја извршува својата улога, а неговата пристрасност е потврдена од ОБСЕ/ОДИХР.

МРТВ не обезбеди еднакво медиумско претставување на сите кандидати и партии.”