„Овој извештај потврдува кој прислушкувал во Република Македонија, масовно, потврдува дека се што има во бомбите е точно. Во резимето на Извештајот се потврдува дека ‘ова е најдлабока политичка криза од 2001, во што очигледно биле инволвирани високи владини функционери, кои сугерираат прекршување на фундаменталните права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и политизација и корупција’. Извадете си ги розовите наочари и видете каква е реалната ситуација. Извештајот е потврда на тоа што ние со години го зборуваме како опозиција. Во снимките е потврдено, и овде во Извештајот. И рекет и изнуда и фалсификувани избори, Мерцедеси и мито и корупција.”, рече Стефан Богоев.