(ВИДЕО) Блажески: Зголемената цена за паркинг е класична манипулација

Од:

Опозицијата во Охрид реагира и обвинува дека незаконски и без одлука на Советот е покачена цената за паркирање во делови на градот.

Дејан Блажески советник од ЛДП вели дека покачувањето на цената за паркирање е класична манипулација со граѓаните.

„До нас како советници стигна реакција од страна на граѓани дека има промена на цената на паркирање. Образложението на општина Охрид е смешно, дека има само промена на зоните. Ако е изговор промена на зоните, тоа значи дека кога ќе одите во едне маркет и кога на полицата има определена цена, вас да дојдат и да ви ја сменат цената и на крај да ве усрамат.Ова е класична манипулација со граѓаните и парите на граѓаните.Очигледно е дека сакаат да дособерат плус пари за да го вратат во нормална состојба работењето на Јавното претпријатие Билјанини извори. Ако беше ова одговорна општина ќе дадеа информација до граѓаните дека има промена на зоните и на тој начин граѓаните ќе беа информирани. Но, не го направија тоа и повторно го скокнаа Советот како што работат и цело време“, обвини советникот од ЛДП Блажески. Блажевски додава дека на овој начин се крши статусот на советот и неговата ингеренција.