(ВИДЕО) Блажески: Нема да дозволам заради неписмени одлуки на ДПМНЕ, граѓаните да се на милоста на административци

Од:

Во своето обраќање на вчерашната седница на Советот на oпштина Охрид, опозицискиот советник Дејан Блажески, бараше да не биде прифатена “Предлог Одлука за утврдување на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот” заради нејзината недореченост и правна неиздржаност.

„ Оваа одлука би резултирала со оптоварување на граѓаните и фирмите, со цел- полнење на буџетот на перфиден и дискриминаторски начин“, рече Блежески.

Предлог одлуката после обраќањето на Блажески беше ставена на гласање и не го доби потребното мнозинство гласови за да помине и е дадена на дополнителна доработка.

Во врска со одлуката која се однесуваше на летниот режим на сообраќај, советникот Блажески побара враќање на поранешните рампи на паркинзите со што би се регулирал сообраќајниот метеж во стариот дел од градот.