Во духот на именувањата на јавните објекти на проектот „Скопје 2014“, ние младите од Движењето БЕСА се организиравме и во рамките на 20-те проценти што ги дозволува прегазениот Рамковен Охридски договор, предлагаме и ние имиња за објектите на овој плоштад, велат од движењето.
И, трагајќи по најважниот објект од овој проект, како и трагајќи по најзаслужното албанско име коe се совпаѓа со тој објект, дојдовме до констатацијата дека најзаслужен објект кој треба да носи албанско име е Музејот на ВМРО во Скопје, а името кое најдобро му прилега на тој објект е името на тој што најмногу придонесуваше за засилување на ВМРО во текот на овие години и, воопшто, на ВМРО-изацијата на Скопје. Тоа е „легендарниот“ командант Али Ахмети.
Ако има некој Албанец кој е заслужен за успехот на ВМРО во Македонија и на кого ВМРО му должи за сите свои успеси, несомнено тоa е Али Ахмети. Освен ова, да беа коректни овие од ВМРО, на Али Ахмети би му направиле една восочна фигура и таа би ја поставиле во овој музеј токму покрај најеминентните личности на ВМРО, Гоце Делчев и Даме Груев.
Како и да е, ние да го одработиме нашето – и затоа предлагаме од денес овој музеј да го носи името „Али Ахмети“. Токму затоа го дизајниравме овој постер, кој ќе го залепиме тука.
Нека е аирлија новото име!
