Движењето БЕСА, освен што настојува да ги смени инкриминираните, хипотекирани и корумпирани политички структури, таа настојува да ја подигне еколошката свест за чиста средина, еднаш за секогаш, секаде каде што таа делува. Во оваа прилика, ние како Движење ќе помогнеме и подржиме секаква еколошка иницијатива во оваа насока, при тоа, силно ќе се спротивставиме на секој кој свесно или несвесно му нанесува штета на животната средина.
Долго време, нашите активистите од Општина Сарај, алармираат дека самата општина, која е раководена од кадар на ДУИ, скоро секој ден, насобраните отпадоци од населените места, наместо да ги однесе во одредените депонии – за таму кај што се платени да ги однесат, таа ги остава скришум, овие отпадоци во близина на реките Вардар и Треска како и други локации од Општина Сарај. Еден дел од отпадоците ги горат, со што двојно ја зголемуваат штетата на животната средина, друг дел го покриваат во земја со багери, додека најголемиот дел, просто го фрлаат кај што можат. Овие еколошки „бомби“, освен што ја загадуваат животната средина и реките, дотолку повеќе ги загадуваат подземните води, кои потоа жителите од овие краишта ги користат во своите домови. Ова незнаење и труење има своја голема цена по здравјето на граѓаните и денес, но ќе има високо цена и за идните поколенија, затоа што ваквите постапки или ни се подарок од неодговорноста на градоначалникот или се прави заради злоупотреба на финансиските средства, кои граѓаните ги плаќаат за подигање на отпадоците. Еколошките „бомби“ од ваквите отпадоците мора да ги отстраниме, тоа е наша неопходна одговорност, затоа што од долу наведените сцени ќе се скандализирате за каква еколошка штета се работи.
Општинскиот совет на Движењето БЕСА во Сарај ја повикува Општина Сарај веднаш да ги преземе сите неопходни мерки за подигање на сите отпадоци во целата општина. Ако тоа не се случи, ние ќе бидеме принудени да преземеме други активности во прилог на зачувување на животната средина во Општина Сарај.