Иако поминаа десет дена од пожарот, надлежните се уште не му помогнаа на Николче Александров од Велес, кој неодамна останал без своите родители.
Вчера вечерта, голем број Скопјани се собраа во “Мемоар кафе“ и донираа за Николче, кој откако неговата сестра беше донесена и згрижена во Скопје, остана сам и без покрив над главата. На хуманитарната вечер беа собрани 56.579 денари, но акцијата за помош на братот и сестрата продолжува.
Актерката Ирена Ристиќ, која беше еден од иницијаторите за хуманитарната забава, со “Белизе Бенд“ ги испејаа „Земјо Жмрофска“, „Мајка на Николчо думаше“, „За многу години прецедниче“ и другите хитови на бендот.
Иако полицијата претходно го имаше повикано на информативен разговор управителот на „Мемоар кафе“ поради настапите на Белизе Бенд, сепак забавата повторно се одржа на истото место.
Александар Тодески