(ВИДЕО) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Од:

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога протестот беше мирен. Марионетската власт во Скопје вчера употреби брутална сила, беа тепани жени, деца, претседатели на партии, беше тепан македонскиот народ. Бараме оставка Спасовски и очекуваме владата да одговори на овој чекор и да го усвои ова наше барање кое што е и барање на македонскиот народ. За таа прекумерна сила треба некој да одговара, вели претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

-Од сите камери присутни на настанот како и од полициските камери јавноста може да види дека во моментот кога реагираше полицијата демонстратите мирно протестираа и единствено што правеа е тоа што го извикуваа името на државата, Република Македонија, вели Бачев. Ова ни дава за право да се посомневаме дека постои сценарио во кое ќе дојде до судир меѓу македонската полиција и македонскиот народ, вели Бачев.

Според него, по завршување на настанот, неосновано се апсени голем број деца кои што единствена нивна вина било тоа што вчера ја покажале својата демократска и патриотска определба спрема Република Македонија.

-Вчера целата полиција беше составена од Албанци, некаде околу 90 отсто, дали министерот Спасовски смета дека на таков начин полицијата ќе биде уште помоторивирана така да го тепа македонскиот народ.

-Народот го искажа револтот поради промената на името и невиденото предавство што го прави марионетската власт во Скопје купена и корумпирана од странски центар. Македонија живее во мрачна доба во новиот светски поредок и ги живее најтешките денови од својата работа, вели Бачев.

Лидерот на Единствена Македонија ја повика меѓународната заедница, посебно Русија, Кина и Турција, за кои смета дека не се дел од темниот светски поредок за отварање на македонското прашање, да формира меѓународна комисија за истражување на сите настани од последните 3 години.

Бачев кој лично беше присутен на вчерашните протести пред Собранието, сведоше за немилиот настан по што изјави дека здобил со тешки повреди на нозете откако се качил на полицискиот хермелин кој имал намера да тргне кон граѓаните.

-Полицискиот хермелин тргна да го гази народот во кој што јас реагирав од моја страна со цел тоа да биде спречено и од тој момент од самиот хермелин се здобив со тешки повреди на нозете. Кога полициското лице кое управуваше со возилото кажа дека тука ќе застане, односно нема да тргне кон народот, јас се симнав од возилото, вели тој.

Лидерот на партијата најави дека од денеска ќе покрене иницијатива за семакедонско обединување на сите патриотски сили во земјата, како политички партии, здруженија, поединци.

Виктор Јованов