„Единствено за кое што се способни и за кое што ги бива функционерите на СДСМ се иновациите во криминалот. Измислија „реинкарнации“, „леења на иднината“ и куп други апсурдни проекти само за да си поделат 10,5 милиони евра на фирми на нивни функционери. Мислат дека во 21 век младите во Македонија не следат што се случува на полето на технологијата и развојот па може да им се продадат како иновација проекти од типот „ајде на одмор“-истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Според него СДСМ се фатени на дело со скандалот криминални иновации. Јавноста е сведок дека СДСМ парите на граѓаните ги дели на партиски ликови со цел да им се оддолжат за финансирањето на партијата или поддршката на СДСМ изминатите изборни циклуси.
„Фондот за иновации се претвори во фонд за финансирање на фирми блиски до СДСМ и фирми на функционери од СДСМ.
Освен фирмата „Каст Инвест“ за која што можевте да чуете изминативе денови во која сопственик е Кочо Анѓушев, грант од 10 милиони денари и бил доделен и на печатницата „ГИНИС“ каде косопственик е пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец. Па така го прашуваме Хари Локвенец што тоа иновирал и каде му е пријавен и заштитен патентот за кој што земал толкава сума на пари? Зошто Локвенец како и сите други луѓе во Македонија не зел кредит за да набавува опрема и за тоа да плаќа на комерцијални банки со камата, а не да добие неповратен грант, кој не само што нема камата, туку и воопшто не се ни враќа. Скандалот добива загрижувачки размери, бидејќи народни пари се испумпуваат за да завршат во приватни џебови под сомнителни критериуми. Тоа што се работи за 150 илјади евра не ве амнестира, бидејќи и Ал Капоне беше фатен во ситен криминал, а потоа одговараше за сите криминали кои ги правеше, но поради корумпираната власт и судство беше толериран“-истакна Арсовски.