(ВИДЕО) Јовановиќ: Местите избори, добивате аболиција, протестираме, добиваме куќен притвор

Од:

Замислете само, не прислушувате, местите избори, се изживувате со политички противници, добивате аболиција. Од друга страна, излегувате на улица за да протестирате против ваквата неправда и добивате мерка куќен притвор. Другари и другарки, ова е неправда, рече Бранимир Јовановиќ од Левица.

Тој вели дека Власта со притворот мислела дека ќе ги разедини демонстрантите, но тие се сплотени.

– Затоа што се бориме против неправдата, знаеме дека заедно сме посилни. Тоа што влегуваат од грешка во грешка секој ден, само покажува дека тие се во паника. Режимот се повеќе и повеќе се губи. Готов е, рече Јовановиќ.