(ВИДЕО) Ангелов: Вие Никола ги злоупотребивте младите луѓе да се тепаат

Од:

Генерал Стојанче Ангелов денеска изјави дека не доликува на еден премиер да говори со таков детски јазик, така да се обраќа пред неговите сопартијци.

Премиеру Никола, вие нема да бидете премиер засекогаш, но јас ќе останам за вас генерал додека сум жив.

Јас не сум лажаен патриот, за разлика од вас, јас имам дадено четири литри крв за оваа држава.Токму вие сте тие кои сакавте да ме купите мене. Да ве потсетам на вашата понуда преку ваш близок човек, кој за разлика од вас е вистински вмровец. преку него, и во мај и во јуни и на 28. февруари, ми понудивте неколку работи, кои ве повикувам сега јавно да кажете, рече Ангелов.

Во врска со обвинувањето дека Бранко преку мене ги организирал протестите, само ќе ве потсетам кој во Скопје ги контролира навивачките групи. Токму вие Никола, вие ги злоупотребивте овие млади луѓе да се тепаат и ваквото насилство не води никаде.

Ние ќе собираме 150.000 потписи, нешто што е во духот на Уставот и Законите и нема да се откажеме од референдумот за Талат Џафери.

Велите со војската командувааат генералите, да точно е, но знаете ли дека министрите имаат 51 овластување кои се над генералите. Министерот подготвува стратегија за одбрана, тој врши проценка на сите опасности по територијалниот интегритет на Република Македонија, сега истиот што сакаше да отцепи дел од Македонија, рече Ангелов.