(ВИДЕО) Андоновска: Нов скандалозен тендер за набавка на мамографи

Од:

На повидок е нов скандалозен тендер за набавка на мамографи обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери, по скандалозниот тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, и скандалозниот тендер за сржта на медицината – стерилизацијата, обвини на прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари! Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните.Оттука, министерот Филипче треба да даде повеќе одговори. Зошто дупло поскапи мамографи? Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер? Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма? Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен“, изјави Андонова.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче го урива здравствениот систем и дека треба да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството.