Венко Крстевски – независен кандидат за градоначалник на Кочани

Од:

Венко Крстевски, актуелен в.д. градоначалник на Кочани, денеска ја објави независната кандидатура за прв човек на градот за Локалните избори 2025, закажани за 19 октомври.

– Денес, на 28 август 2025 година на празникот Успение на Пресвета Богородица, ден исполнет со љубов, надеж, обновување и заштита со голема одговорност и почит, ја објавувам мојата независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Нашиот град заслужува повеќе. Заслужуваме безбедно, чисто и модерно Кочани град кој ќе се развива со срцето на Европа, но управуван од волјата на сопствените граѓани, вели Крстевски во објавата на Фејсбук.

Смета дека во изминатите четири месеци, иако кратки, е направено многу во градот, но оти уште поважно е дека се покажа кога постои волја, постојат и решенија.

-Ова е првото лето кога депонијата не гори. Ова е првото лето кога Кочани не дише пластика. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на работа, храброст и одлуки. Остварив и значајни дипломатски средби со амбасадори, кои ќе бидат нашите партнери и поддржувачи во обновата на Кочани, град што премногу долго беше занемарен и уништуван. Последиците од тоа ги осетивме сите. Јас не ветувам чуда. Јас покажав резултати. Во најтешките моменти бев тука. Не пред камерите, туку пред народот, лице в лице, без страв и без калкулации. Јас не доаѓам да владеам, туку да служам. Ова не е политичка битка. Ова е граѓанска обврска. Да покажеме дека Кочани може поинаку! Достоинствено, европски и човечки. Да го вратиме гласот на граѓаните. Да го вратиме достоинството на градот. Да ја вратиме локалната самоуправа на граѓаните! Со срце и душа за Кочани, посочува Крстевски.

Би можело да ве интересира

Кривична за угостители од Кочани кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Крстевски: Парламентарците покажаа елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани