Вељаноски испрати телеграма со сочуство до Бејнер за жртвите од настаните во Бостон

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска испрати телеграма со сочуство до претседателот на Претставничкиот дом на САД Џон Бејнер, за нападот во Бостон.

– Со големо жалење ја примив веста за големата несреќа што се случи во Бостон, во која животот го загубија невини луѓе. Ништо не може да ја ублажи болката по загубата на најблиските.

– Сочувствувам со Вас во овие тажни моменти и длабоко жалам за загубените животи во оваа голема трагедија. Посакувам брзо да ја надминете болката, иако тагата за изгубените животи ќе биде вечна, се наведува во телеграмата што Вељаноски ја упати до Бејнер и граѓаните на САД.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Белград: Трчаа за жртвите во Бостон, иако го паметат НАТО бомбардирањето

Ана Ололовска

„Блиц“: Нема податоци дека меѓу повредените во Бостон има Срби

Ана Ололовска