Трајко Вељаноски денеска ќе биде „првиот“ човек на Македонија, бидејќи шефот на државата и премиерот ќе отпатуваат на службен пат во странство.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе отпатува во Драч, Албанија каде ќе учествува на 5. Регионален претседателски самит.
Никола Груевски ќе престојува во официјална посета на Хрватска.
Според Уставот на Македонија, во отсуство на Иванов, државничките функции ги презема спикерот на Парламентот, Трајко Вељаноски.