Вандалите во Струмица продолжуваат со уништување на урбана опрема. Синоќа на позната „Леблебеџиска“ улица засега непознати сторители ја искинале опремата за новогодишно украсување. По неа мавале со празни гајби од пијалок и успеале да искинат значителен дел од украсните светилки.
За една седмица ова е трет чин на вандалско однесување во центарот на градот. Претходно во два наврати беа искршени жардинери на плоштадот „Гоце Делчев“.
