В сабота Генерално собрание на СМК

Од:
Утре ќе се одржи 27. Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) во Големата сала на Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје, со почеток во 10.30 часот. на него се очекува да бидат донесени повеќе резолуции за: одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата; суверенитетот, унитарноста и државноста; и за Договорот за добрососедство со Бугарија и  заедничкото македонско-бугарско одбележување на Илинден.
 
 На 6 август во 10 часот во дворот на црквата “Свети Спас“ до Калето ќе се одржи панихида за сите упокоени знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и обединувањето на Македонија и ќе се положи свежо цвеќе на гробот на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.