• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Утре студено со врнежи од снег и засилен ветер

by А1он04/01/2017 - 12:54138
Share0

 Значителна промена на времето ќе има утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Добивај вести на вибер

Во Скопската котлина можно е снежната покривка да биде околу 10 до 15 сантиметри.

Од утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви.

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено.

Преку денот најстудено се очекува во сабота со температури од -12 до -6, а во недела утринските температури ќе се движат од -22 до -10 степени. Потоа температурите ќе бидат во благ пораст.

Управувачкиот комитет за кризи, во врска со најавата од УХМР за врнежи од снег и многу ниски временски температури на територијата на Македонија во наредните денови, вчера донесе повеќе заклучоци и препораки.

Превентивните мерки се во случај да се појават определени ризици при снабдувањето со електрична енергија, сообраќајот, ризици по здравјето и водоснабдувањето.

Заклучоците и препораките од Управувачкиот комитет за кризи се однесуваат на надлежните институции кои треба да бидат со зголемена оперативна подготвеност во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија и во сообраќајот. Управувачкиот комитет донел заклучоци со кои се наложува во текот на денешниот ден сите општини во Македонија да формираат кризни штабови. 

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен