Утре новинарите ќе протестираат пред Клубот на пратеници

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот Синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) и Македонскиот Институт за медиуми (МИМ), најавуваат протест пред Клуб на пратеници во знак на незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите.

„За нас е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието.

Ние како организации инсистираме решенијата да бидат системски и одржливи со кои на подолг рок треба да се обезбедат подобри услови за работа на новинарите и медиумите.“ стои во соопштението.

Протестот е најавен за 11 часот.