Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов ги повика граѓаните утре на пладне да присуствуваат на протестен собир пред споменикот на Бранителите во Жена Парк за повторно да го изразат револтот против именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.
На протестот Ангелов ќе обзнани нови детали за граѓанската иницијатива на „Достоинство“ за собирање 150.000 потписи за распишување на референдум против воените злосторници од 2001-та, против поранешниот командант Форина а денешен министер за одбрана Талат Џафери.
-Да не дозволиме повторно да ни се случи онаа народната, секое чудо три дена!
Голема благодарност до сите вас кои денес бевте со нас. Ве повикуваме да Дојдете утре повторно, овојпат заедно со вашите најблиски – порача Ангелов.