Завршила седницата за оценката на обвинителниот акт за обвинението за крвавиот четврток, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. Утре ќе биде познато дали ќе им се суди на обвинетите за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Одлуката e донесена, но ќе биде соопштена утре.
Ако обвинението добие позитивна оценка, судот треба да закаже рочиште, по што обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, ќе седнат на обвинителна клупа. За настаните на 27 април обвинети се 30 лица. Меѓу нив се и петте пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Обвиент е и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.
Васко Маглешов
