(ВИДЕО) Утре Албанците ќе бараат оставка од Груевски и Ахмети

Од:

45 политички и невладини субјекти го најавија утрешниот сеалбански протест кој ќе се одржи во 17 часот, со почеток од Чаир.

Организациониот одбор на протестот „Простестирам албански“ најави дека колоната ќе се движи од паркот во Чаир по улицата „Цветан Димов“, а протестот, поради како што рекоа, зафатениот простор пред Влада, ќе заврши на мостот „Гоце Делчев“, каде што ќе биде поставена бина.


Организаторите рекоа дека е ова албански марш без партиски амблеми и ги повикаа сите Албанци да се придружат на маршот.

DSC_0002

Тие најавија дека утреш марш ќе има 3 пораки: оставка на владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини и барање на нов договор за Македонија.

-Овој протест е ексклузивно албански бидејќи во кризата низ која поминава земјава не е слушнато само албанското мислење. Според нас, Албанците се отворени да дискутираат и за граѓанска држава и за деетнизација на државата, но пред се ние треба да се договориме да се затворат меѓуетничките прашања, рече Фердезе Сулејмани претседателка на Здруженито на жени-Беса од Куманово.

Организаторите тврдат дека се преземени сите мерки за сигурност и дека нема да се случи никаков инцидент. Во протестите учество најавија ПДП на Неџат Беџети, партиите на Кастриот Хаџиреџа и на Хисни Шаќири, Беса, роднините на казнетите од Монструм, Сопот, Бродец, Унијата на албанските студенти, Арсим Зеколи, Ким Мехмети, Абдулменаф Беџети, новинари и интектуалци, повеќе студентски организации на Албанци од странство.