Утре 49 години од скопскиот земјотрес

Од:

Утре, Скопје ја одбележува 49-годишнината од катастрофалниот земјотрес.
Тоа јулско утро беше кобно 1.070 луѓе . Повредени беа 3.000 беа граѓани.
Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Скопје повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал како Феникс.
На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел градот Скупи,. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Со јачината од 10 – 11 степени.Скопје потоа бил изграден на денешното место.
И новиот град не бил поштеден од катастрофи. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.


Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата скала.
Целиот свет се ангажираше за обнова на Скопје, и затоа Скопје е „Град на солидарноста“
Во рамки на одбележувањето на годишнината, предвидено е домашни и странски делегации утре да положат цвеќе пред споменикот на жртвите во скопскиот земјотрес од 1963 година, на градските гробишта во Бутел.
Во Домот на АРМ од 9 до 17 часот ќе има традиционална крводарителска акција на Црвениот крст на Град Скопје.

Во Музејот на Град Скопје утревечер ќе се одржи литературното читање „Поетесите за својот град“ и ќе биде отворена изложбата „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје“.