А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Уште едно дете со дијабет испратено од Охрид на Детската клиника

by А1он25/07/2018 - 15:02121
Share0

Уште едно дете со дијабет од Охрид, е на пат кон Детската клиника. Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека станува збор за 6-годишно дете со новооткриен дијабет, кое во стабилна состојба било испратено од Општата болница Охрид.

Добивај вести на вибер

Ова е четврти случај на дете со дијабет на Клиниката за детски болести за само една недела. Вчера на Клиниката беше донесено 14 годишно дете од Охрид во тешка здравствена состојба, а претходно биле примени уште две деца , едно деветгодишно од Гевгелија и тригодишно од Свети Николе, кое сега е испишано од Клиниката.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија дека во тек е вонреден инспекциски надзор кај матичните лекари на децата , како и во општите болници од кои тие деца се препратени пред да бидат донесени на Детската клиника. Сите одговори за евентуални пропусти во лекувањето, здравствените власти ги очекуваат по извештаите од инспекциите.

Галена Николовска – Ризвановиќ

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен