Уште две лица побарале лекарска помош по сообраќајката кај клучката Хиподром

Од:

Од сообраќајката која што утрово се случи кај клучката Хиподром, лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ побарале уште две машки лица.

Претходно, едно женско лице беше пренесено во Ургентниот центар во Скопје, со што засега вкупно три лица се повредени во сообраќајката.

Четири патнички возила, еден камион и автобус учествуваа во сообраќајката која што се случи утрово кај клучката Хиподром.

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес пред клучка Хиподром, кој, поради верижен судар на неколку возила, беше во прекин од изутрината околу седум часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).