Унитети: Владата да не прави меѓуверски инциденти

Од:

Унитети силно го осудува нападот врз верскиот муслимански објект во градот Крива Паланка во текот на вчерашното попладне, а кое следуваше по протест на ортодоксни граѓани против верските слободи и права на своите сограѓани муслимани, се вели во партиското соопштение.

„Ние потсетуваме секого дека основните права и слободи на човекот, како и верските слободи и права се гарантирани со Универзалната декларација на ОН и со Уставот на Македонија и никој не смее да ги прекршува истите. Апелираме до органите на редот што побрзо да се откријат вандалите и да се изнесат пред правдата, а Владата да не поттикнува меѓуверски и меѓуетнички инциденти за да ги покрива неуспесите на политички план“, велат од партијата.