Украдено комбе во Скопје

Од:

Т.Ѓ. (46) пријавил дека завчера му било украдено товарно моторно возило „Цитроен Џампер“. Возилото било паркирано на улица Методија Андонов Ченто во Скопје.

Непознатиот сторител влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240 илјади денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.