А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Украдени триесет тегли ајвар во Кавадарци

by А1он06/11/2017 - 09:29194
Share0

Кражба на триесет тегли ајвар од подрум во Кавадарци била пријавена во кавадаречката полициска станица од општа надлежност, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Добивај вести на вибер

– Несекојдневната кражба на цела кутија со тегли ајвар е заведена на 17 октомври, рече Додевски.

Посочи дека 20 кражби на грозје се регистрирани сезонава во полициската станица од општа надлежност Кавадарци, две во полициската станица од општа надлежност во Неготино и една во велешката полициска станица. – Ова се податоци за територијата која ја покрива СВР Велес, информира Додевски.

Во неколку кражби станувало збор за украдено веќе набрано грозје од нивите кое стоело во вреќи по редовите, а во повеќето од случаите крадците сами си береле туѓо производство тешко од 150 до две илјади килограми.

Во ПС ОН Кавадарци исто така има пријавено три кражби на пиперки и два случаи на оштетен насад од пиперки од страна на домашни животни.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто