Укината забраната за камиони на Стража, Маврово и Пресека

Од:

Сообраќајот на сите патни правци низ Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Од 07:30 часот се укинати забраните за тешки товарно возила Стража, крак – Маврово и Пресека.

Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.