Укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак – Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија.
Забраната е укината од 11:45 часот.
Во сила е забрана за камиони на патот Гостивар – Кичево и обратно, преку планинскиот превој Стража .
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и Ѓавато.
