Пратеничката Фросина Ременски е третиот сведок на денешното рочиште за насилствата од 27 април. Таа во судница раскажа како толпата која упадна во Собранието влегла во прес салата и се качиле на галеријата каде била таа заедно со Павле богоевски и други колеги пратеници.
– Напаѓачите ме клоцаа по нозе и стомак, меѓу нив имаше и постар господин кој силно ме удри, а за жал не го гледам меѓу обвинетите. Тогаш еден од толпата ме праша што ти е трудна да не си, а јас свесно излажав за да се спасам, рече Ременски.
Ременски рече дека во еден момент кај нив дошол екс пратеникот Флоровски кој им забранил на толпата да им се приближуваат и поставил двајца да ги чуваат.
– Во еден момент чувме истрел од пиштол, тогаш еден од луѓето кој не чуваше рече сега се ќе се смири, отиде тој што треба, го убивме Села. Набрзо потоа имаше шок бомби и влезе полицијата, додаде Ременски.
Галена Николовска-Ризвановиќ