Денеска попладне околу 16 часот, убиен е Џемаил Реџепи – Командант Шќипоња, главниот претендент за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, објави Лајм.
Очевидци на настанот, за Лајм информирале дека во истиот инцидент се ранети двајца поддржувачи на Шќипоња, Шефки Реџепи и Гани Демири.
Според првичните информации, во него пукале приврзаниците на Бајрам Лимани, кој пред еден месец беше именуван за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Реџепи не се согласуваше со ова именување, и бараше претседателот на огранокот да биде избран на редовно изборно собрание.
На местото каде што е убиен во Куманово, тој требало да се сретне со Лимани, за да се координират во врска со изборот на претседател на огранокот. МВР го потврди за Лајм убиството на Џемаил Реџепи.